Категории

Посадил 6.000 дабови дрвја со трогателна причина, а резултатот е неверојатен…

Овој човек направил нешто неверојатно да и оддаде почит на својата жена. 70 годишниот фармер по име Winston Howes одлучил да и одаде почит на својата сакана на вечен начин.

Таа починала на 50 години, ненадајно, бидејќи и откажало срцето. Во текот на една недела, фармерот посадил 6.000 дабови дрвја, на простор од 6 акри. После 20 години, неговиот труд созреал во убава шума со облик на срце. Скриено од околните патишта, не е видливо за никого, освен од небото. Овој симбол на љубовта бил семејна тајна, а бил откриен сосема случајно од балонист кој летал над имотот.

„Идеата ми дојде одеднаш“, раскажува Winston Howes „Размислував за начин  како убаво и вечно да и одадам почит, а тоа да остане тука со години.“

„Во средината, во срцето посадивме нарциси кои цветаат во пролет – изгледа одлично. Одам таму од време на време за да размислувам за важни работи.“ раскажува еден од најпосветените сопрузи на светот.

 

Прегледи:
337
Категории:
Среќа на денот
Објавено на:
15.05.2016