Категории

После јадењето никако немојте да ги правите овие нешта

Често многумина од нас практикуваат одредени вид на однесувања после јадењето кои долгорочно гледано може да го загрозат нашето здравето. Со цел да ви го оттргнеме вниманието на наизглед безизлезни, понекогаш штетни облици на однесување, ви споделуваме што е тоа што не треба да го правите после консумирањето храна.

Консумирање цигари
Веројатно сте свесни за последиците на оваа лоша навика по вашето здравје во глобала, но она што студиите го покажуваат е вистински поразувачко а се однесува на консумирањето цигари непосредно после јадењето. Пушењето откако сте завршиле со обројот ги зголемува шансите за заболување од канцер за 10%.

Консумирање овошје
Ако јадете овошје веднаш откако сте завршиле со појадокот или ручекот, непотребно ќе го изложите вашиот стомак на надуеност. Овошјето е препорачливо да се консумира еден до два часа после обројот, и час пред следниот оброк.

Пиење чај
Пиењето чај после обројот е навика карактеристична за бројни култури. Меѓутоа стручњаците тврдат дека ова не е поволно за човечкото здравје. Листовите чај содржат високо ниво на киселини кои доведуваат до тоа протеините од храната која ја консумираме да се стврднат и со тоа да ви го отежнат варењето.

Капење
Топлата бања после обројот никако не е препорачлива затоа што доведува до зголемување на крвотокот во телото особено во пределот на рацете и нозете. Со самото тоа количината на крв која е потребна во пределот на желудникот за да се свари храната е мала, а варењето е отежнато.

Спиење
Спиењето е исто така лош потег после јадењето, затоа што на тој начин системот за варење има тешка задача пред себе, со оглед на тоа што организмот е во состојба да работи успорено во текот на спиењето. Храната која не се вари правилно создава надуеност и стомачни тегоби.

Прегледи:
563
Објавено на:
17.09.2020