Категории

Потребен ви е само еден мејк ап трик за лицето да ви изгледа свежо

Повеќето жени сакаат лицето да им изгледа свежо и одморено. Во постигнувањето на тој изглед им помага руменилото, но доколку немате време за тоа, ова е најлесниот начин да постигнете свежина на кожата на лицето.

Имено, се што ви е потребно за свеж и одморен изглед е крем руменилото. Овие руменила се продаваат во кутии или стикови, а понекогаш може да се користи и како кармин за усни.

Едноставно намачкајте го на јаболчниците со прсти и натапкајте го на лице и подготвени сте. Ваквите руменила ќе ги најдете во безброј нијанси, а доволно ќе ви биде да нанесете мала количина.