Категории

Поучна приказна: Кога ќе ти биде најтешко во животот и кога ќе мислиш дека повеќе не можеш да издржиш…

Некогаш одамна, живеел некој многу сиромашен човек што имал само еден син со кој бил многу пиврзан. Го научил да чита и да пишyва, а во тоа време, ретки биле тие што знаеле да читаат и пишyваат.

 

На денот пред да си умре, старецот го повикал синот и му дал две мали кутии – една бела и една црна и му рекол:

– За жал, синко, немам ништо друго да ти оставам освен овие две кyтии. Кога ќе ти биде многу тешко во животот, кога ќе мислиш дека повеќе не можеш да издржиш, отворија белата кyтија, а црната отвори ја тогаш кога ќе ти биде добро во животот.

Младото момче достојно го испратило татка си, го спакувал она малку што го поседувал и тргнал по работа во белиот свет и во потрага по сопствената среќа. Работел секакви работи, спиел под отворено небо, но ништо не му останувало и никако не можел да се спастри на едно место.

Со тек на време станал многу уморен и очаен. Го печело сонцето, го тресел студот, го носеле водите. Рацете му огрубеле, лицето му се наполнило со брчки. Не можејќи повеќе да издржи, решил да се убие. Легнал на земјата, ги склопил  рацете да му се помоли на Бога, и тoгаш од под појасот, зашиени за пантолоните, ги осетил двете мали кyтии што му ги дал татко му и се потсетил на татковите зборови:

„Кога ќе ти биде најтешко во животот и кога ќе мислиш дека повеќе не можеш да издржиш, отворија белата кyтија“.

Ја отворил белата кyтија, и од неа, извадил оризова хартија на која пишувало:

ОВА ЌЕ ПОМИНЕ!

Момчето тогаш ја разбрало пораката. Се предомислил и прибрал со мислите, станал и тргнал кон најблискиот град. Таму, пред големите порти на градот, стоел насобран многу народ, многу луѓе кои не можеле да влезат внатре, бидејќи никој од нив не знаел да прочита што пишyва на вратата.

Момчето се доближило до портата, ја прочитал на глас пораката и поминале. По него поминала и останатата група на луѓе. Неколку денови лyтал низ градот, барајќи работа, кога му пришол некој човек:

– На мојот газда му треба писар. Селаните ми рекоа дека си знаел да читаш и да пишуваш.

Така момчето добило работа како градски писар. Работело вредно и чесно, но многу напорно. Со тек на време станал познат и признат писар. Се стекнал со имот, се оженил со млада и убава девојка со која создал свое семејство. Станал навистина среќен човек.

И тогаш се сетил на својот татко, и на двете кутии. Ја извадил црната кутија. Во неа, повторно ливче, со ракописот од татко му:

И ова ќе помине!

Прегледи:
860
Категории:
Среќа на денот
Објавено на:
10.12.2016