Категории

Правила кои секој татко треба да го научи својот син!

Велат џентлмен се раѓа, не се станува. Ако е тоа вистина, тогаш родителите имаат големо влијание во целиот процес. Честопати децата се рефлексија на своите родители, наследувајќи ги од нив моралните вредности, манирите, начинот на размислување. Ова се правила на кои секој татко треба да го научи својот син!

1. Никогаш не се поздравувај додека седиш.
2. Кога преговараш, никогаш не давај понуда прв.
3. Кога ќе ти се доверат, чувај ја тајната.
4. Врати го позајмениот автомобил со полн резервоар.
5. Играј со страст, или не играј воопшто…
6. Кога се поздравуваш, поздрави се цврсто и гледај ја другата личност во очи.
7. Доколку ти е потребна музика на плажа, не ја сфаќаш поенатата.
8. Секогаш носи две марамчиња. Она во задниот џеб е за тебе. Другото во предниот џеб е за неа.
9. Кога ќе се ожениш со девојката, се жениш и за нејзиното семејство.
10. Кога ќе изгубиш трпение остани смирен однадвор, не дозволувај другите да го видат тоа.
11. Искуси ја убавината на патувањето сам без никој до тебе.
12. Никогаш не се плаши да ја поканиш најубавата девојка да излезете.
13. Никогаш не одбивај минт бонбона.
14. Обиди се сам да ги напишеш своите морални вредности. И никогаш не престанувај да ги надополнуваш.
15. Подели го ручекот со новото дете во класот.
16. Откако ќе напишеш бесен мејл, прочитај го внимателно. Потоа избриши го.
17. Манирите го одредеуваат човекот.
18. Попушти. Преземи ја вината на себе.
19. Спротистави им се на силеџиите. Заштити го нападнатиот.
20. Запиши ги своите соништа.
21. Одвои време за твоите миленичиња. Тие те сакаат многу и секогаш се среќни кога ќе те видат.
22. Биди полн со самодоверба и благороден истовремено.
23. Ако некогаш се сомневаш во себе, потсети се кој е твојот татко и одбивај да бидеш обичен!
24. Во секоја ситуација види се според примери, а не според објаснувања.
25. Сосема е во ред да бидеш повреден, не треба да се срамиш од тоа.
26. Секогаш искажувај го своето мислење.

Прегледи:
664
Објавено на:
19.07.2019