Од 1998 Канадскиот пасифички празничен воз праќа две локомотиви низ Северна Америка за да го шират празничкиот дух преку шарените светилки и добрите дела.
Овогодинешниот воз го заврши своето патување, а тоа е документирано од страна на фотографот Neil Zeller преку неверојатни фотографии.
Zeller следел два воза од Канадскиот пасифички празничен воз. Неговиот вешт и креативен пристап резултирал со уникатен приказ на ова патување.
Преку светлите дневни фотографии, до ноќните патувања на возовите, овие фотографии го прикажуваат контрастот на светлите сијалични во темните ноќи, како и убавите снежни пејсажи.
Патувањето на возовите има и добра кауза, на секое место предвидено за застанување се приредува музичко шоу каде се собираат донации од пари и храна кои одат во локалните добротворни организации.