Категории

Предвремено побелување или сува: Косата открива кои витамини ви недостасуваат!

Премногу честото третирање на косата не е секогаш причина за оштетена коса. Сувите врвови и слично оштетување на косата може да бидат знак на некои нарушувања во организмот. Ако премногу рано ви побелела косата, можеби ви недостасува некој од следниве витамин.

Косата, исто како и кожата, може да ни каже многу за нашето здравје. Некои недостатоци во организмот – како и болести – можат да предизвикаат косата да биде сува, без сјај и побелена. Ќе ви откриеме како може косата да се смени и што се крие позади тоа.

 

Темето произведува повеќе маснотии

Стресот може да биде одговорен за ова. Се произведува повеќе хормон кортизол кој ја стимулира кожата да произведува повеќе маснотии. И прекумерното консумирање на млечни производи може да предизвика мрсна коса, како и прекумерното сончање на скалпот.

 

Вашата коса е сува и кршлива

Ако вашата коса е сува како слама, може да имате недостаток на витамин Д. Витаминот Д го стимулира фоликулот на коренот на косата и го стимулира растот. Сепак, додека синтезата на витамин Д во кожата го стимулира сончевата светлина, на косата и е потребна и исхрана богата со витамин Д за зајакнување на структурата на косата. Значи, на врвот на списокот за исхрана треба да има риба, но и авокадо и јајца – што ќе ја одржат вашата коса здрава и сјајна.

 

Прерано побелена коса

Ако уште во младите денови вашата коса е побелена, може да станува збор за „премногу силна или премногу слаба“ функцијата на тироидната жлезда. Исто така можно е дека станува збор за недостаток на витамин Б12 – кој е од суштинско значење за метаболизмот, а се наоѓа првенствено во јајцата, рибите и млечните производи.

Прегледи:
411
Објавено на:
25.11.2019