Категории

Прекрасни цитати поврзани со крајот на летото

Крајот на летото се приближува. Иако температурите се’ уште се високи, сепак дневната светлина се скратува со секој изминат ден. Кога бевме деца, крајот на летото значеше нови лекции за учење, нови трачеви на училиште, нови симпатии. А, во пандемичната 2020, крајот на летото ни носи повторно новитети, но овој пат сосема непознати. 

Подоле ги компилиравме најубавите цитати за крајот на летото, некои од врвни светски писатели, а некои од анонимни мудреци.

Тенот ќе избледе, но спомените ќе останат“ – Анонимен

Наскоро ќе заврши летото, наскоро ќе заврши и детството“ – Џорџ Р. Р. Мартин

Септемвриските дни ја носат убавината на летното време и на есенската радост“ – Хелен Хант Џексон

Летото имаше платено ќирија за кратко време“ – Вилијам Шејкспир

Сите мора да си задржиме малку лето во себе, дури и во зима“ – Анри Дејвид Торо

„Паднат лист значи довидување од страна на летото“ – Анонимен

Кога летото си ги собира своите чудесни фустани и одлетува како сон“ – Сара Хелен Витман

Прегледи:
991
Објавено на:
14.09.2020