Мики Маус е првиот Дизниев лик кој носи ракавици. Во првиот филм, именуван Plane Crazy во 1928, неговите раце се црни. Тој го доби овој додаток во 1929 во The Opry House.
Всушност, постојат три причини поради која што Волт Дизни се решил да им подари бели ракавици на своите ликови.
1.Заштедување време
Цртањето на дланки одзема многу време, па за да го забрзаат процесот, аниматорите се решија да ги цртаат своите ликови без многу детали-големи глави и очи, долги и тенки нозе со четири прсти и слично.
2. Контраст
Поради слабата резолуција на црно-белите филмови, тешко е да се забележат црните дланки при црното тело. Белите ракавици служеле за да ги потенцираат движењата на рацете.
3. Очовечување
Во неговата биографија, Волт Дизни признал дека не сакал Мики Маус да има раце како на глушец поради тоа што сакал да „изгледа како човек“. Затоа му дал ракавици.
Можеме да видиме дека Вуди Вудпекер, Дизниевиот ривал, ја превземал оваа идеја презентирајќи ја преку неговите ликови Багз Бани.