Категории

Пригответе крем супа од брокула и сирење! (РЕЦЕПТ)

Загрејте ја душата, нахранете го телото и уживајте во вкусот на оваа вкусна крем супа!

Состојки:

  • 1/2 шолја путер
  • 1 главица исечкан кромид
  • 1 главица исечкана брокула
  • 4 конзерви пилешка чорба
  • 1 помало парче кашкавал исечкан на коцки
  • 2 шолји млеко
  • 1 лажичка лук во прав
  • 2/3 шолји пченкарен скроб
  • 1 шолја вода

Подготовка:

Во лонец, истопете го путерот на средно силна температура. Пржете го кромидот додека не омекне. Потоа ставете ги брокулите и прелијте со пилешка супа од конзерва, варете додека не омекне боркулата 10-15 минути. Намалете ја температурата и ставете ги коцките сирење да се стопат. Помешајте го млекото со лукот во прав и сето тоа додадете го во претходната смеса. Во мал сад, промешајте го пченкарниот скроб во вода додека не се раствори. Измешајте во супата и варете мешајќи додека не се згусне.

Прегледи:
920
Објавено на:
06.02.2019