Категории

Применете ги овие 5 правила и сексот никогаш нема да ви биде здодевен

Секој разочаран член на брачната заедница, кој има барем 10 години искуство во тие води, ќе ви каже дека сексот мора да биде забавен и посакуван, а не механичко извршување на „брачната должност“.

Сепак, како после толку време, истата личност може да ве возбуди со еднаков интензитет како на почетокот? Не е тешко, применете ги овие неколку правила и сѐ ќе биде како што треба, а монотонијата ќе исчезне.

Фантазии

Фантазиите и соништата се едно, а реалноста е друго. Малку мечтаење никому не наштетува, а тоа не значи дека веќе не го сакате својот партнер или дека треба да ја прекинете врската како што многумина мислат.

Предигра

Орален секс, допири и други видови на стимулација претставуваат големо уживање, но и создаваат напнатост за она што следи наскоро. Предиграта го прави сексот интересен и непредвидлив, но и ве опушта и ви го подготвува телото.

Секс еднаш во неделата

Докажано е дека паровите кои имаат секс барем еднаш во неделата се поврзани и отворени еден кон друг. Меѓутоа, ако едноставно не сте расположени, ставете ги своите емоции на прво место.

Концентрација

Фокусирајте се на она што ве возбудува кај вашиот партнер, а не она што ви пречи. Стручњаците за секс ги поттикнуваат паровите да се присетат што ги привлекло кај партнерот за да ги освежат ситуациите во спалната соба.

Заеднички моменти

Честопати поради децата и обврските, паровите забораваат да излегуваат сами. Повремено дозволете си состанок само со вашиот партнер по кој ќе следи секс без страв дека некој ќе ви пречи.

Прегледи:
387
Објавено на:
26.11.2018