Категории

Природни домашни маски за лице за беспрекорен тен и блескава кожа

Природните домашно подготвени маски за лице се најдобриот и најефикасниот избор

Доколку сте љубител на природни нешта, тогаш овие маски за лице ќе ве израдуваат, затоа што ќе можете да ги направите со помош на состојки кои ги имате во вашата кујна. Доколку сакате да си дозволите природна нега на вашата кожа, овој пат избравме неколку проверени рецепти за маски за лице кои ќе ви помогнат да добиете беспрекорен тен и блескава кожа.
Ќе бидете воодушевени од резултатите.

Маска против брчки
За оваа маска, потребен ви е еден грст малинки, боровинки и капинки. Сите овие бобинки изгмечете ги и смесата ставете ја на лицето и оставете да одстои 15 минути.

Маска за сува кожа
Потребна ви е ¼ шолја изгмечена банана, ¼ шолја изгмечено авокадо, една лажица мед, една лажица маслиново масло и две лажички органска слатка павлака. Измешајте ги сите состојки и потоа кога ќе добиете еднолична смеса, нанесете ја на вашето лице. После 15 минути исплакнете со млака вода.

Маска за масна кожа
Потребни ви се две лажици пире од портокал, малку лимон и лимета и три свежи листови ментол. Помешајте ги сите состојки и смесата ставете ја на лицето 10 минути, ако кожата почнува премногу да се затега, измијте.

Маска за блескава кожа
Се што ви е потребно е ¾ слатка павлака, малку мелен ѓумбир, мелена куркума, и прстофат цимет. Оваа смеса нанесете ја на лицето и оставете да одстои 15 минути, потоа исплакнете со млака вода.

Прегледи:
655
Објавено на:
26.12.2019