Категории

Продолжен викенд, жешко време, Македонците масовно во Грција

Повеќе од половина час се чека на граничниот премин Богородица за влез во Грција. Од утрово на овој граничен премин има колони од автомобили на пат за Грција. Продолжениот викенд и временската прогноза за сончев и жешок викенд ги намами македонските граѓани викендов да го поминат кај јужниот сосед.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираат од АМСМ.

И на граничниот премин Дојран за влез во Грција се чека околу 30 минути. На другите  гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Прегледи:
445
Објавено на:
17.06.2016