Категории

Производи за убавина кои девојките ги користат на погрешен начин

Совет од професионалци околу најчестите грешки кај козметичките производи и нивното користење

Јасен е фактот дека веќе е 2020 година и сега не постојат правила за тоа како треба да се шминкаме и изгледаме. Оваа година во beuaty светот излегоа доста нови и невообичаени трендови на шминка. Професионалците советуваат што треба особено да знаеме кога е се во прашање козметичките производи и кои грешки треба да ги избегнуваме.

Производи за веѓи
Девојките сеуште не разбираат како правилно треба да се исцртуваат веѓите, иако оваа тема е далеку од нова.
многу девојки обично користат една нијанса на сенка и ја нанесуваат на цела веѓа. Како резултат, таа изгледа како пресликана од хартија и залепена на лице како тетоважа.
Природен резултат можете да постигнете само ако почетокот на веѓите го обоите со светла нијанса и постепено ја затемнувате со крајот.

Коректор
Девојките имаат погрешна навика да нанесуваат коректор под очите. Коректорот би требало да биде за еден или два тонови посветол од кожата, но исто така треба да ги земете во обзир и индивидуалните карактеристики на вашето лице како што е тонот на кожата на ова подрачје, текстурата на кожата дали се работи за сува или масна кожа.
Идеалниот избор на коректор за секој ден треба да биде светол и со рефлектирачки честички.
Производот треба да се нанесува на сите подраја на сенки на лицето:
Т-зоната, под очите, под веѓите, страните на носот и околу усните.
Тогаш лицето ќе стане балансирано и свежо.

Бронзер
Девојките нанесуваат бронзер на јаболкниците и целата страна на образите, често надминувајќи ги природните контури на лицето и поради тоа шминката изгледа валкано и неуредно. За да го избегнете ова нанесете бронзер во шуплината на јаболкниците и потемнете го централниот дел на образите.

Кармин
Девојките најчесто не можат да се носат со светкав кармин. Црвените кармини за усни се добри за фотографирање, но во реалноста тоа не е најдобра опција. Размачканата контура и пигментните отпечатоци на забите не се привлечни. Ако навистина сакате да носите црвен кармин, ви препорачуваме да користите молив за контурирање – тоа ќе ја продолжи трајноста на шминката.

Виткач за трепки
Многу девојки се плашат дека при користењето на оваа алатка можат да ја повредат кожата на очните капаци. Сепак за да го избегнете ова, кога го користите застанете пред огледало и погледнете директно пред себе, поставете го виткачот така што добро ќе го центрирате помеѓу трепките и внимавајте да оставите неколку милиметри од нивниот корен, нежно задржете ја алатката и повторете ја постапката 2-3 пати.

Прегледи:
577
Објавено на:
11.04.2020