Категории

Промоција на „Приватни скандали“ занесен роман кој ќе ви ги направи летните денови повозбудливи

Нора Робертс е еден од најпродаваните автори со издадени над 220 книги и  ја заслужува титулата омилен романсиер на Америка, која ја доби од Њујорк Тајмс.

67-годишната авторка, родена како Елеонор Мари Робертсон, пишува под повеќе псевдоними, покрај Нора Робертс, таа се има потпишано и како Џил Мари, Сара Хардести и Џ.Д.Роб, под кој го напиша футуристичкиот серијал „Во смртта“.

Покрај тоа што е еден од најпродаваните автори, многу често се наоѓала на врвот на листата на најпродавани книги на Њујорк Тајмс, со над 500 милиони тираж од нејзините книги. Досега македонската читателска публика имаше можност да ги чита нејзините „Голи во смртта“, „Славни во смртта“, „Скриени богатства“ и последната „Генијални лаги“. Сосема очекувано, се вброи и во најбараните автори меѓу нашите читатели.

Сега македонската читателска публика ќе има можност да чита уште едно дело на оваа популарна авторка, „Приватни скандали“, занесен роман чие дејствие е сместено во светот на телевизиски шоуа што ги открива амбициозните соништа на една вешта млада жена и темните опсесии што се закануваат на сè за што таа работела.

Овој роман издаден од ИП Култура својата промоција ќе ја има на 29-ти јуни во книжарницата Култура.

Дејствието се одвива околу Дијана Рејнолдс, која има сè што ќе посака: работа и живот од соништата. Како талентиран телевизиски новинар, таа е одлучна да успее на свој начин. Но, во свет полн со јавни непријатели и скандали, Дијана создава неколку многу опасни непријатели – вклучувајќи го и нејзиниот стар ментор, брилијантната емотивна манипулаторка Енџела Перкинс.

Додека Дијана го постигнува врвот во кариерата, таа е во љубовна врска со најхаризматичниот новинар во телевизијата, Фин Рајли, кој исто така е и бивш љубовник на манипулаторката Енџела. Додека летаат искри помеѓу Фин и Дијана, Енџела се обидува да се одмазди. Но, во позадина се крие една мрачна опсесија, од која никој не е безбеден.

 

Дијана Рејнолдс има сè што ќе посака: работа и живот од соништата. Како талентиран телевизиски новинар, таа е одлучна да успее на свој начин. Но, во свет полн со јавни непријатели и скандали, Дијана создава неколку многу опасни непријатели – вклучувајќи го и нејзиниот стар ментор, брилијантната емотивна манипулаторка Енџела Перкинс. Додека Дијана го постигнува врвот во кариерата, таа е во љубовна врска со најхаризматичниот новинар во телевизијата, Фин Рајли, кој исто така е и бивш љубовник на манипулаторката Енџела. Додека летаат искри помеѓу Фин и Дијана, Енџела се обидува да се одмазди. Но, во позадина се крие една мрачна опсесија, од која никој не е безбеден. Полна со интензивни страсти, мрачни опсесии и огорчени кавги, новиот роман на Нора Робертс ➡ПРИВАТНИ СКАНДАЛИ е чисто,зависничко задоволство. #ЛетнаАвантураСоКултура #ВоСветотНаКнигите 💕💛 #НораРобертс #bookstore #bookshop #култура #книги #ипкултура #ipkultura #инстаграмџии #инстаграмџики #фотонанеделата #фотонаденот #фото #vscobalkan #vscocam #ig_tones #igers #vscomacedonia #vscoskopje #vsco #book #bookstagram #booklover

A post shared by Издавачка куќа Култура (@knizarnicakultura) on

Полна со интензивни страсти, мрачни опсесии и огорчени кавги, „Приватни скандали“ со сигурност ќе ги направи вашите летни денови повозбудливи.