Категории

Пронајдена глава на волк од Ледено доба

Волкот е социјано животно. Живее во семејства или чопори  каде доминираат алфа мажјак и алфа женка . За да го објават своето присуство  и за да ја означат и бранат својата територија , волците вијат . Виењето може понекогаш да се слушне и на одадалеченост на 10 километри. Руските научници во Сибир пронашле совршено зачувана глава на волк од Леденото доба.

Глава на волк кој живеел пред 40 000 години е откриена во рускиот арктички регион Јакутија.
Водачот на истражувањето, Валериј Плотников истакнал дека овој волк припаѓал на древната подврста на волци која живеела истовремено кога живееле и мамутите и исчезнала заедно со нив.
Научниците велат дека волкот бил стар и за 25% поголем од денешните волци.
Ова откритие е единствено од ваков вид бидејќи научниците претходно пронаоѓале делови од волци, но без ткива или крзно, додека сега имаат глава на волк со уши, јазик и зачуван мозок.
Прегледи:
1250
Објавено на:
27.06.2019