Категории

Против замор: 3 начини да се ослободите од исцрпеноста!

Доколку го чувствувате ова секојдневно, потребни ви се промени …

Мали промени во однесувањето можат да ви помогнат да се чувствувате подобро без оглед на жештината и обврските. Еве што можете да пробате.

 

Ако и вие се обидувате да ги избалансирате илјадниците обврски и илјадниците улоги што ги имате во животот, веројатно се чувствувате исцрпено и во нормални околности. Кога ќе го помножите тоа со високоите температури … Можеби е време да направите нешто за себе пред да се онесвестите од замор некаде, брзајќи од работа, од градинка, од пазарење или од … каде и да треба да одите за да завршите „само уште нешто “ .

 

Добрата вест е дека постојат неколку едноставни работи што можете да ги направите токму сега, уште денес, кои ќе ви помогнат да се чувствувате малку подобро. Се разбира, идејата е да се ослободите од потенцијалните стресови пред да започнат да ви предизвикуваат проблеми, со мали промени во вашите секојдневни навики, познати и како „микро-чекори“.

 

Еве што можете да направите, како што и научното истражување покажа дека “работи “, во вакви ситуации:

 

Престанете да правите повеќе работи истовремено

Кога сте исцрпени, обидот да направите повеќе работи во исто време може да изгледа примамливо.

Во теоријата, „колку побргу направите се, толку побргу ќе можете да се одморите “ не звучи како лоша идеја. Во пракса, мултитаскингот не дава резултати.

Кога ќе пробате да направите повеќе од една работа истовремено, само ќе ви биде потешко да се концентрирате, ќе правите грешки и ќе бидете под уште поголем стрес.

Ако веќе сте исцрпени, не се измачувајте и правете ги работите една по една.

 

Поминете малку време во природа

Кога сте „на резерва“, веројатно сè што сакате е да останете сами, и да не завршите било каква активност што не е неопходна. Но, истражувањето покажа дека дваесет минути во парк ќе ви помогнат да се чувствувате подобро.

Ако немате сила, најдете некое видео на YouTube со природни убавини и опуштете се 15-20 минути.

 

Малку дремнете

Иако можеби мислите дека попладневната дремка е луксуз што не можете да си го дозволите, сепак треба да прилегнете кога сте исцрпени. Само дваесет минути ќе ви помогнат да се регенерирате, а кога ќе се разбудите ќе бидете покреативни, поефикасни и попродуктивни.

Прегледи:
731
Објавено на:
10.09.2019