Лав
Поради финансиските проблеми на почетокот на оваа недела ќе се чувствувате депресивно, но затоа тука се вашите пријатели кои ќе се потрудат да ве расположат. Правете работи кои ви причинуваат задоволство, на пример отидете со партнерот во кино, малку промена добро ќе ви дојде и на двајцата.
Среќен ден: Недела
Девица
Оваа недела испланирајте некое кратко патување ос партнерот, кое дополнително ќе ви ја зацврсти вашата врска. Доколку не сте во врска на патувањето можете да отидете со пријатели и нема да зажалите. Во некои делови од неделата ќе се чувствувате како да сте осамени и тажни, но до крајот на неделата сѐ ќе биде во ред.
Среќен ден: Вторник
Вага
Обидете се повторно да се зближите со партнерот и зачинете ја врската. Тоа со сигурност ќе ви донесе добро расположение, како на вас така и на вашиот партнер. Можни се мали проблеми на работа со вашите колеги, но до крајот на оваа недела сѐ ќе се реши. Вежбјте повеќе.
Среќен ден: Петок
Шкорпија
Поради обврските кои ќе ги имате неделава, можеби ќе немате толку слободно време за пријателите, нo треба да се потрудите секогаш да имате барем малку време за нив. Не постои нешто што релаксира повеќе од добар разговор со блиски пријатели. За време на викендот, очекувајте пријатно изненадување.
Среќен ден: Понеделник