Лав
Односот со вашите деца ќе биде подобрен, а многумина ќе размислуваат за проширување на семејството. Вашиот креативен потенцијал ќе вибрира и ќе имате желба да учествувате во уметничките проекти. На повидок е нова романса која многу ветува, а покрај тоа многумина од вас ќе заминат на патување. Наеднаш вашите планови за иднината ќе почнат да се менуваат и да стануваат поголеми.
Среќен ден: Четврток
Девица
Оваа недела, многумина од вас ќе решат многу важни животни прашања, а тука дефинитивно спаѓа работата, сигурноста и сопствените пари. Без разлика што понекогаш вашето љубовно расположение ќе спласне, во срцето и понатаму ќе бидете задоволни. Можеби нема да има толку атрактивни љубовни прилики, но она што до сега сте го изградиле е гаранција овие денови да ги поминете мирно.
Среќен ден: Недела
Вага
Ќе ги решавате проблемите без поголеми тешкотии, користејќи го својот талент. На тој начин ќе ги импресионирате и луѓето околу вас. Својата силна енергија ќе ја вложите во зацврстување на односот со личноста која ја сакате. Ќе вложите многу труд со подеднакво важни резултати. Ќе се послужите со оригинални идеи кои можат да ја изненадат другата страна.Но, не се плашете. Сепак, ќе бидете прифатени.
Среќен ден: Вторник
Шкорпија
Доколку своите идеи ги претставите на интересен начин, ве очекува позитивен одек и поддршка меѓу соработниците. Потребно е да испланирате различни детали кои делуваат позитивно на околината и воедно ја поткрепуваат заедничката визија во успешната соработка. Доколку имате сериозна врска потребно е да се ослободите од непотребната недоверба или од емотивната кочница која вас ве спречува во слободното изразување. Потпрете се на својата интуиција.
Среќен ден: Вторник