Лав
На љубовно поле буквално ви цветаат рози. Ќе се чувствувате исполнето во текот на целата недела, а главниот кривец за тоа ќе биде вашиот партнер.Викендот ќе ви биде поволен за рекреација и релаксирање на прекрасното време кое ви го нуди пролетта.
Девица
Потрудете се да останете смирени и покрај проблемите кои ќе ви се појават на работа. Ве очекува динамична работна недела, проследена со многу турбуленции. Затоа наполнете ги батериите а последните два дена од неделата искористете ги за вежбање и рекреација.
Вага
Во понеделник поминете некое време сами со себе, и одморете од друштво и други луѓе, бидејќи така ќе го вратите загубениот баланс. На крајот на работната недела ќе имате мали проблеми на работното место. Немојте да кревате паника и не го правете проблемот поголем отколку што е, туку останете смирени. Ве очекува едно изненадување на љубовен план.
Шкорпија
На средина на неделата, ве очекува важен разговор, кој ќе ви донесе напредок и успех во понатамошната кариера. Во претходниот период немавте некоја голема среќа во љубовта, но време е работите да се сменат. Уживајте во прекрасната недела!