Категории

Прво погледни ја својата нечистотија пред да го обвиниш друг за неговата

Поучна приказна со мудра поука

Млад пар се доселил на улицата. Следното утро кога појадувале, жената ја забележала својата сосетка како ги спростира алиштата.

„Колку и се валкани алиштата..“ – рекла.
„Можеби и треба нов прашак за перење за да ги испере подобро. Каква е таа домаќинка, воопшто не знае да пере!“
Мажот молчејќи ја слушал и ја следел глетката, но не проговорил ништо.
Секој пат кога сосетката ги спростирала алиштата, коментарите на сопругата биле исти.
Месец дена подоцна, жената била зачудена кога едно утро видела дека алиштата на сосетката биле чисти, и во неверување му рекла на мажот:
„Погледни. Конечно научи добро да ја пере облеката. Кој ли и кажал?“
Мажот и одговорил:
„Никој. Јас денес станав порано и ги избришав прозорците..“

Прегледи:
487
Објавено на:
07.03.2020