Категории

Рецепт на денот: Плескавици во компир

Доколку сте љубители на месото, ова е еден одличен предлог за ручек каде што наместо леб, плескавицата ќе ја искомбинирате со земички од компир.

  • помала зелена салата 
  • 2 домати
  • за плескавици: 400 гр мелено месо
  • 1 главица црвен кромид
  • 100 гр гауда
  • зачини: сол, бибер
  • за земичките од компир: 900 гр компир
  • 1 јајце
  • 1 главица црвен кромид
  • 100 гр сирење (гауда)

Плескавици: помешајте го меленото месо, ситно сечкан црвен кромид, рендана гауда, прстофат сода бикарбона и зачини. Од подготвената смеса формирајте плескавици. На хартија за печење ставете ги плескавиците, ставете масло и печете во загреана рерна додека не заруменат. Вртете ги плескавиците да се испечат од двете страни.

За земичките од компир: компирите излупете ги и изрендајте ги, посолете ги и исцедете ја вишокот течност. Соединете ги со ренданото сирење, исечканиот лук, додадете јајце и зачини и добро промешајте. Од подготвената смеса обликувајте мали земички. На хартијата за печење наредете ги земичките, ставете им масло и печете додека не се заруменат.

Земичка од компир, лист зелена салата, плескавица, домат (парче), па на крај повторно земичка од компир. Во средината ставете чечкалица.

Добар апетит!