Категории

Рецепт од 3 состојки – Здрав кремаст појадок преполн со протеини

Чиа семето е одличен извор на протеини и омега-3 масни киселини, како и калиум и калциум што го прави одличен избор за појадок.

Чиа пудингот е одличен појадок кој изобилува со пртеини и други хранливи материи, а исто така се подготвува доста лесно и брзо. Вечерта претходно, изматете три состојки во стаклен сад, ставете ги во фрижидер и следното утре ќе имате веќе спремен појадок.

Состојки за чиа пудинг:
-400 мл млеко
-40 грама чиа семе
-1 банана

Подготовка:
-Измешајте го чиа семето со млеко па ставете го во стаклен сад и затворете го поклопче.
-Во смесата можете да додадете испасирана зрела банана и така заедно да го ставите во фрижидер. Колку бананата е позрела, толку пудингот ќе биде посладок.
-По желба можете да додадете и мед, јаткасти плодови и друго овошје по желба.

Прегледи:
722
Објавено на:
25.05.2020