Состојки:
за 1 чаша
- ½ до 1 лажичка мача во прав
- 60 ml (4 супени лажици) топла вода (загреана на околу 75 степени Целзиусови)
- 200 – 240 мл многу топло кокосово млеко
по желба малку природен засладувач (на пр. кокос шеќер или нектар, јаворов сируп, стевиа
Подготовка:
Во шолја просејте го прашокот од мача и прелијте го со топла вода. Мешајте со жица за матење со движења „печатење“ на буквата М – мешајте околу 30 секунди за да се запени смесата. По желба промешајте го засладувачот. Загреаното кокосово млеко кое претходно сте го измешале, истурете го со миксер или блендер да се запени. Додека ја истурате, држете ја пената со лажица за прво да се истури течноста во шолјата, а потоа одозгора намачкајте ја пената. Посипете со малку мача во прав и послужете.
Доколку го сервирате пијалокот во високи стаклени чаши, измешајте го прашокот од мача во друга, поширока шолја, а потоа истурете го напитокот во висока шолја и на крајот додадете ја пената од растително млеко.