Категории

Рецепт за вкусни кифлички со коприва!

Рецепт за вкусни кифлички од коприви во кои ќе уживаат сите!

За копривата често се вели дека, кога луѓето би сфатиле колку всушност таа корисна и лековита најверојатно во иднина би саделе само коприви. Всушност, сите нејзини делови (стеблото, листот, коренот и цветот) имаат одредени лековити својства.
Копривата изобилува со белковини, јаглени хидрати, масти, калциум, фосфор, железо, витамини Ц, А, Б2 и К, каротин и пантотенска киселина. Најдобро од се’ е што таа е достапна и пристапна за секого.
А овие кифлички од коприва ќе го задоволат и најпребирливиот гурман.

Потребни состојки:

  • 200 гр. свежи коприви
  • 250 гр. бело брашно
  • 250 гр. хелјдино брашно
  • квасец, лажичка шеќер
  • лажичка сол
  • 200 мл. топла вода
  • 100 мл. масло за готвење
  • 150 гр. топено сирење

Начин на подготовка:

Избланширајте ја копривата па изблендирајте ја. Загрејте вода во која ќе ги додадете квасецот, шеќерот и малку брашно и оставете квасецот да надојде.
Брашното и солта соединете ги кога квасецот ќе надојде, па со додавање на копривата и маслото замесете меко тесто. Оставете околу 45 минути тестото да нарасне. Загрејте ја рерната на 180 степени.
Развлечете го тестото, исечете го на триаголници, на секој ставете парче топено сирење и наредете во плех за печење.
Премачкајте ги кифличките со малку растопен маргарин и ставете ги да се печат.

Прегледи:
681
Објавено на:
13.07.2019