Категории

Ријана како кралицата Нефертити за арапскиот Vogue

Инспирирана од легендарната убавина на египетската фараонка Нефертити, Ријана позираше во нејзина чест за ноемвриското издание на арапскиот Vogue.

“Иако ги делат илјадници години, двете најпознати жени ќе се сретнат меѓусебе на страниците на модната библија”. Вака гласи насловот на изданието кој привлече огромно внимание.

Пред објективот на фотографот Грег Кадел, музичката ѕвезда позира во парчиња од брендот Gucci, и специјално изработена круна од страна на ателјето Faeth Millinery која наликува на онаа во која низ историјата кралицата Нефертити била осликувана.

“Ријана е нашата ѕвезда за насловна. Не само што е една од најуспешните поп изведувачки, таа ја збогатува сцената со своите моќни ритми и уникатен стил, таа е вистински поим за различност”, изјавија од Vogue.

Прегледи:
449
Објавено на:
03.11.2017