Категории

Ристана и Ванчо од Охрид на 53 години првпат станаа родители на близнаците Стефан и Стефанија

29 октомври е најсреќниот ден во животот на Ристана и Ванчо Ѓорѓиеви од Охрид. По долгогодишни обиди за потомство, неколку неуспешни инсеминации и ин витро циклуси, среќата им се насмевнала.

Долго време биле во потрага по доктор кој ќе го реши нивниот проблем, сè дури на интернет не ги прочитале најубавите коментари за д-р Слободан Лазаревски од Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Пред 16 месеци првпат оствариле комуникација со докторот, за кон крајот на октомври годинава во рацете да држат две слатки и мали бебиња, Стефан и Стефанија.

„Пребарувајќи низ интернет прочитавме многу позитивни искуства што семејствата ги имале со д-р Лазаревски. Решивме да ја пробаме среќата и со овој доктор. Скромен човек, кој не зборува многу, но работи со дела, ете таков е нашиот д-р Лазаревски. Среќни сме што и ние се уверивме дека тој е најдобар. Првпат се запознавме во јуни 2018 година, а сега во рацете ги држиме Стефан и Стефанија“ – објаснува со насмевка на лицето 53-годишната Ристана.

По успешната ин витро постапка, бременоста продолжила да ја следи д-р Гордана Петровска. Среќното семејство објаснува дека нивната судбина била во рацете на најдобрите.

Извор: acibademsistinababy.mk