Breakfast at Tiffany’s настана во 1961 година, и ден денес важи за еден од најдобрите филмови.
Филмот кој освои едни од најпрестижните награди како Оскар и Златен Глобус, е снимен по истоимениот роман а во 1961 год. заработи дури 14 000 000 долари.
Сепак кога овој филм излезе, не наиде на позитивни критики.
Ликот на Холи, кој го играше актерката Одри Хепберн, првобитно требала да го глуми Мерлин Монро. Се шпекулира дека Мерлин ја одбила оваа улога затоа што сметала дека ќе влијае лошо врз нејзиниот имиџ. Ликот на Холи во филмската индустрија направи тотален пресврт.
Ликот Холи работеше како ескорт дама, па со самото тоа не можеше да се смета за хероина во филм. До 1961 год. таквиот лик не е прикажуван а интересно е тоа што во филмот е изоставена нејзината бисексуалност која беше истакната во истоимениот роман.
Одри Хепберн стана стилска икона и моден пример на девојките ширум светот. Брендовите кои ги носеше во филмот се актуелни и ден денес. Нејзиниот црн фустан кој го носеше во филмот е е дизајн на модниот бренд Givenchy, а она што е посебно е тоа дека еден нејзин фустан од филмот е продаден на аукција за милион долари.