Категории

Сакате да бидете права дама? Овие правила на однесување мора да ги почитувате

Често се зборува за однесувањето и карактеристиките кои го прават мажот господин. Но, што е со жените? Добро знаеме дека не секоја жена или девојка е и дама.

Доколку сакате да бидете права дама, применете ги овие правила кои ги поседуваат дамите:

  • Немаат тетоважи на видливи делови од телото.Тоа е за нив интимна работа.
  • Тие секогаш се одзиваат со зборовите: „Молам?“, а не со „Што е?“.
  • Нема да запалат цигара на улица под било кои услови.
  • Никогаш не се караат. Тие имаат став дека караниците не решваат ништо и не носат ништо позитивно.
  • Никогаш не пцујат и не изговараат навредливи зборови.
  • Секогаш убаво мирисаат. Не претерано, но секогаш се намирисани.
  • Имаат горд став, бидејќи рамниот грб и сигурното движење се одлики на достоинството.
  • Не носат многу накит. Суптилни обетки, тенок прстен и ланче. Сето тоа оддава впечаток дека се работи за нежни жени.
  • Секогаш се пристојно облечени. Едноставно, но префинето во секоја пригода.
Прегледи:
596
Објавено на:
31.03.2018