Категории

Сакате да ја запросите љубовта на вашиот живот? Ова е идеалната дестинација за тоа!

Возење со гондола, неодоливите италијански специјалитети и единствениот амбиент се доволна причина за посета на овој град кој е под „опсада“ на туристите преку целата година.

Според истражувањата, најпосакуваната дестинација за запросување е Венеција.

На второ место е Париз, а во топ пет најпривлечни дестинации се наоѓаат Хаваи, Малдиви и Бора Бора. Додека едни велат дека е многу важно местото каде што ќе ја побарате партнерката за жена, други сметаат дека тоа не е пресудно, туку личноста со која планирате да го поминете остатокот од животот.

Прегледи:
578
Објавено на:
12.12.2019