Категории

Се одржа прекрасен хуманитарен настан за деца во скопскиот ресторан Ederra Highway

Во оваа претпразнична атмосфера која владее насекаде многу важно е да направиме нешто и за другите, за празничните денови да бидат уште посреќни. 

Вечерва присуствуваме на еден прекрасен хуманитарен настан кој го организираше тимот на Ederra (Ederra Rooftop, Ederra Highway, Ресторан Едера) во еден од нивните ресторани, настан кој донесе многу среќа и насмевки и кој е навистина вреден да се спомене и да биде поттик за сите нас да покажеме несебичност особено во овие празнични денови. 

Многу забава, насмевки, играчките од O3 event management и празнични пакетчиња ги пречекаа децата од СОС детското село и децата на здружението за хумано општествен развој на деца во социјален ризик „Проект среќа“ во прекрасен празничен амбиент во овој скопски ресторан.

Како што велат оттаму „Многу е важно за нас како компанија да дадеме назад во општеството, а нема поголема среќа од тоа да донесеш радост кај најмладите. Затоа голема чест и задоволство нѝ беше подготовката и организацијата на овој настан.“

Се надеваме дека овој гест ќе служи како инспирација за останатите компании и поединци да донесат радост и насмевка на нечие лице, за поубави празнични денови за сите нас.