Категории

Се сеќавате на филмот „Пред изгрејсонце“? – Вистинската приказна од која е иснпириран е многу потажна

Дали се сеќавате на филмот „Пред изгрејсонце“ (Before sunrise) – култната љубовна драма снимена во 1995 година во која главните улоги ги имаа Џули Депли и Итан Хаук.

Но како настана приказната за оваа незаборавна љубовна романса прикажана во 3 дела, од кои вторите се Before Sunset и Before Midnight?

Инспирацијата за филмот директорот Ричард Линклатер ја добил од настан кој се случил во неговиот живот.
Додека имал 29 години, во продавница за играчки во Филаделфија ја сретнал Ејми која имала 20 години.
Тие ја поминале ноќта заедно, од вечерта до утрото, шетајќи по градот и флертувајќи.

Откако го објавил првиот филм – Before sunrise, тој се надевал дека Ејми ќе ја препознае приказната кога ќе го гледа (што се случува во вториот дел од филмот). Но во реалноста, Ејми никогаш не се појавила и тие никогаш повторно не се сретнале.

Многу години подоцна, пред излегувањето на третиот дел од филмот – Before midnight, Ричард открил дека Ејми почината во сообраќајна несреќа со мотор во 1994 година, пред да биде излезен првиот филм.
Таа никогаш немала можност да ја види нивната приказна преточена на филмското платно.