Категории

Се сомневате дека сте бремени? Ова се знаците кои укажуваат на тоа!

Пред да го направите тестот и да бидете сигурни, овие симптоми може да укажуваат на бременост. Некои жени ги споделуваат своите искуства на оваа тема. Погледнете дали и вие чувствувате нешто од ова!

 

Габична инфекција

Прва и единствена габична инфекција која сум ја имала во животот. Сега сум параноична штом почувствувам чешање.

Крварење од нос

Се наведнав, станав и крв ми протече низ лицето. Неколку недели подоцна тестот беше позитивен и кога им кажавме, мојата свекрва ми рече дека веднаш помислила дека сум бремена поради крварењето од носот.

Метален вкус во устата

Неколку денови по зачнувањето, имав ужасен вкус во устата, како да џвакам ковано железо. Метален, но не од крв. Беше одвратно и траеше неколку минути. Неколку недели подоцна, двата теста беа негативни, но третиот беше позитивен. Никогаш потоа не го почувствував тој вкус.

Тешка алергиска реакција

Во втората бременост ме касна пчела и тоа беше најлошата реакција на убод досега. Убодот беше на рамо и цела отеков, имав осип по грбот, вратот и градите во рок од еден час. Следното утро дознав дека сум бремена.

Ноќни мори

Имав ноќни мори. Бев преплашена и вриштев во сон. По неколку денови, тестот за бременост беше позитивен.