Категории

Се соочувате со депресија? Пилатес е она што ви е потребно да се ослободите од неа!

Со депресијата и анксиозноста се борат приближно 19 милиони возрасни луѓе секоја година. Сигурно сте слушнале кои се емоционалните симптоми на депресијата, но дали знаевте дека луѓето кои патат од депресија живеат со хронична болка и други психички симптоми?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PowerHousePilates (@powerhousepilates.mk) on


Прв чекор кон решавање на овој проблем е соочувањето со него. Голем дел од луѓето кои пателе од депресија, покрај психичката болка се соочиле со болка во грбот, вртоглавици, исцрпеност и подуеност. Токму затоа пилатесот е идеална физичка активност за оваа состојба. Пилатесот е најдоброто решение за враќање и зголемување на рамнотежата, психофизичката состојба и поврзаноста на телото со умот.

Физичката активност и движењата се најдобар лек за депресијата

Кога патите од депресија, вежбањето изгледа како последно нешто кое сакате да го правите. Но, кога еднаш ќе соберете сила да се мотивирате, ќе сфатите дека физичката активност создава голема разлика.

Сите знаеме дека преку вежбањето може да се подобрат многу здравствени проблеми. Истражувањата спроведени врз анксиозноста и депресијата покажуваат дека психолошките и физичките придобивки од вежбањето пилатес, значително ја намалуваат анксиозноста, стресот и го подобруваат расположението.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PowerHousePilates (@powerhousepilates.mk) on


Вежбите во пилатесот ја намалуваат депресијата на многу начини, а ова се некои од нив:

  • ослободуваат хемикалии во мозокот кои предизвикуваат среќа (неуротрансмитери, ендорфин и ендоканабиоиди);
  • ослободуваат хемикалии од имунолошкиот систем кои можат да ја влошат депресијата;
  • ја зголемуваат телесната температура, која предизвикува смирувачки ефект.

Вежбањето пилатес со себе носи и психички придобивки, и тоа:

  • Зголемување самодоверба.
  • Оттргнување на мислите од грижи.
  • Интеракција со други луѓе.
  • Одржување на здравјето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PowerHousePilates (@powerhousepilates.mk) on


Зошто токму пилатесот е вистинскиот избор при соочување со депресија?

Додека другите форми на вежбање можат да ви помогнат да го прочистите умот, пилатесот е форма на вежбање која што помага да се смири и да се создадат посилни и подобри патеки во мозокот. Тоа е контролиран и концентриран интензивен начин на изведување вежби во кои лицето е целосно присутно и преку умот и телото.

Џозеф Пилатес, основачот на пилатесот честопати напоменувал дека при будењето на одредени мускулни клетки будиме и илјадници мозочни клетки, активирајќи нови подрачја и стимулирајќи ги функциите на мозокот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PowerHousePilates (@powerhousepilates.mk) on


Пилатесот не е само серија вежби, туку е начинот на кој се однесува вашето тело и ги прифаќа вежбите. Ако вежбата ја извршуваме правилно со контрола, внимание и концентрација, го тренираме мозокот на ист начин како што ги тренираме мускулите. Практикувањето на пилатесот како алатка за контрола на умот е еден од начините кои што можете да го користите во борба против депресијата. Потребен е голем фокус за повторно да успеете да воспоставите контрола врз вашиот живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PowerHousePilates (@powerhousepilates.mk) on


Во различни периоди од животот се соочуваме со различни психички состојби и тоа е сосема во ред. Но, најважно од сѐ е да не се предадете и да најдете вистинско решение за излез од лошото расположение. Тимот на PowerHouse PIlates ќе се потруди да ја врати позитивната енергија во вас, создавајќи динамични тренинзи со вежби кои истовремено ќе го зајакнат вашето тело и психичката состојба. Препуштете ја грижата за вашето здравје на најдобрите, PowerHouse Pilates е докажан бренд во пилатесот кој секогаш наоѓа решение за секој ваш проблем. Бидете среќни, полни со самодоверба и исполнети, вежбајте пилатес и ширете позитивна енергија насекаде околу вас.