Категории

Секој четврток, после работа #ПочниСоВодно

Еден поинаков четврток ни доаѓа со иницијативата #ПочниСоВодно. Имено, I love hiking – group Macedonia ве повикува секој четврток после работа одиме малку да се рекреираме на Водно.

Иницијативата #ПочниСоВодно е создадена за сите оние кои сакаат да се дружат, да ја подигнат својата форма, да изгубат по некое килце и да уживаат во природата. Една поинаква „афтерворк“ забава на која запознавате нови луѓе, добивате корисни совети за вашата исхрана и за подобрување на физичката кондицијата, како и насоки за сите следни тури.

„Тренингот по Водно се познава“ и секој кој има желба да планинари, почнуваме со Водно, бидејќи ни е блиско, наше и е одличен старт за сите љубители на планината.  I love hiking – group Macedonia ви порачуваат:

„Не седете и не чекајте тура погодна за вас. Дојдете, влезете во добра форма и подгответе се за секоја убава тура која следува на нашите планини, но и на планините надвор од државава.
Започни со Водно! Стартувај и не застанувај!“

 

Стартот е во 18:00 часот од полициската станица под Водно, а повеќе совети и детали за настанот може да добиете на фејсбук настанот.

Среќа е Водно! 

Прегледи:
891
Објавено на:
26.04.2017