Категории

Секој доаѓа во вашиот живот со причина

Луѓето доаѓаат на твојот пат со причина, на наминување или за засекогаш

Кога ќе ја знаете причината, ќе знаете што да направите со нив. Секој се појавува на вашиот животен пат за да ве запознае со нешто кое треба да го искусите. Доаѓа за да ви помогне низ некоја потешкотија. Да ве упати и да ви даде поддршка.
Да ви помогне физички, емоционално или спиритуално.. Тие изгледаат како да се испратени од Бога, и се..

Тие се тука поради причината која ви е потребна за да бидат.

Тогаш одненадеж тие ќе исчезнат. Можеби ќе умрат.. Можеби само ќе заминат..
Понекогаш тие ќе ве предизвикаат, а она кое морате да го сфатите е дека откако нивната цел ќе се иполни, откако нивната работа ќе заврши, кога молбата е исполнета доаѓа време за да продолжите понатаму.

Некои луѓе доаѓаат како сезоните. Затоа што на вам ви е време да пораснете и созреете. Тие со себе носат искуства или едноставно ќе ве направат среќни. Можеби ќе ве научат на нешто за кое не сте знаеле. Верувајте тоа е реално, но еднаш ќе заврши, како сезоните.

А оние кои доаѓаат за засекогаш ќе ве научат на животни лекции. На вас останува да ги прифатите лекциите, да ги сакате тие личности и да го искористите она кое сте го научиле од нив во иднина.
Заблагодарете им се што биле дел од вашиот живот. Која и да била нивната цел, колку и да останале покрај вас..

Прегледи:
671
Објавено на:
20.06.2020