Зборовите и сексот одат заедно, но само кога зборовите се внимателно избрани. Сексолозите откриваат кои се магичните зборови, а додаваат и уште неколку совети за добар секс.
Како што велат стручњаците за сексуални односи, никој не ги чита вашите мисли и не можете да знае дали сакате да направите нешто во креветот или не. Затоа, правилото број еден за здрав и квалитетен сексуален живот е следното: „Ако партнерот прави нешто што не ви се допаѓа, не смеете да премолчите“.
И тука на дело стапуваат тие магични зборови. Сексолозите велат дека треба да го кажете следново: „Ајде да се обидеме вака“.
Овие зборови се магични бидејќи не треба да правите нешто доколку не ви се допаѓа, а преземате конкретна иницијатива во вид на предлог. Исто така, се истакнува дека за подобар секс од клучно значење е сексуалната самодоверба, а неопходен дел од таа самодоверба е љубовта кон сопственото тело. Мора себеси да се набљудувате како сексуално суштество. Сексолозите истакнуваат дека грижата за својот изглед е важна, а предложуваат и мал трик: облечете некоја заводлива облека и погледнете се во огледало. Таа сексапилна личност сте вие.
Како последен совет сексолозите го издвојуваат правилото кое вели дека секој мора да биде крал односно кралица на личното сексуално задоволство. Тоа знчи дека своите сексуални желби потреби треба да ги познавате до најмалиот детал. Доколку тоа сеуште не сте го направиле, време е да ги откриете своите ерогени зони, како и интензитетот на допирите кој најмногу ви одговара.