Категории

Сериозни причини поради кои жените се одлучуваат да ја прекинат врската или бракот

Она поради кое жените најчесто решаваат да ја прекинат врската или бракот, воглавно нема никаква врска со сексот, нивните причини се сериозни, и пред да го прекинат односот, тие долго време се обидуваат да превземат мерки кои ќе ги надминат проблемите и долго размислуваат, а откако ќе утврдат дека препреките не можат да се преминат, тогаш заминуваат засекогаш.

Различни вредности
Тука станува збор за култура, традиции, воспитување, вероисповест и претставува сериозен проблем кога еден од партнерите е доста религиозен и конвенционален а другиот е слободоумен. Ако не се согласувате околу фундаменталните вредности на доброто и злото, правилното и неправилното, хуманото и нехуманото, тога што ве споило ќе се потроши и ќе ве остави празни.
Потребно е да имате слични вредности за да се почитувате еден со друг, а ако во почетокот на врската тоа не изгледа важно, ќе ви стане важно подоцна кога страста ќе избледи, затоа што љубовта може да опстане само на плодно тло на меѓусебна почит и потврда.

Недостатокна комуникација
Добрата комуникација не значи многу да се разговара, туку добро да се разбере партнерот и да биде доживеан како потпора и поддршка. Ако тој не претставува тоа за една жена, ако не и дава утеха и стабилност тогаш тој не и е потребен. Ако не постои длабоко разбирање и блискост и комуникацијата со партнерот е површна и неодговорна,  жената не гледа поента во продолжување на љубовниот однос.

Голема разлика во години
Таа разлика не е препрека луѓето да се поврзат и едн на друг да станат нешто возбудливо и вредно. Но разликата во искуствата и потребите е невозможна да се премости. Ако вие сте многу постари од партнерот и веќе имате брак и деца зад себе – искуство кое тој допрва треба да го стекне е она кое ќе ве раздвои.

Недостаток на доверба
Личноста која постојано се сомнева, искажува дека не му верува на никого и често ве обвинува дека лажете, ќе ве доведе до очај. Постојаното обидување некому да ја докажете својата искреност и добри намери е борба бес крај и константен терет во врската.

Прегледи:
505
Објавено на:
14.06.2020