Категории

Шармантни фризури за дамите со кратка коса

Кратката коса никогаш не изгледала толку неодоливо.

Многумина ќе кажат дека кај кратката коса често е невозможно да се испробуваат нови начини на стилизирање и изгледа досадно, но тоа воопшто не е вистина. Кратката коса има свој посебен женствен шарм кој може да се искористи на многу начини доколку и малку и се дозволи на имагинацијата да ве понесе. Фотографиите кои ви ги споделуваме го докажуваат токму тоа. Доколку вие сте една од оние дами кои ја обожаваат својата кратка коса и се во постојана потрага по нови начини на стилизирање, ние ви споделуваме неколку одлични изгледи кои се неверојатно шарманти, женствени и елегантни.