Категории

Што е и зошто е важна емоционалната интелигенција?

Кога станува збор за емотивната интелигенција, многумина молчат и не се сигурни за што точно станува збор. Нејзиното мерење е многу тешко и треба да се знае дека таа е многу важна како за личниот, така и за професионалниот успех. Во продолжение ви ги откриваме сите детали!

Емоционалната интелигенција, или скратено EQ, е начинот на кој личноста ги контролира своите емоции и реагира на емоциите на другите луѓе. Иако терминот за прв пат се појавил во весник во 1964 година, поголема заинтересираност се појавила во 1995 година кога била објавена книгата на Даниел Голман „Емоционална интелигенција: Зошто е побитна од  IQ“. Зошто емоционалната интелигенција е навистина поважна? Живееме во социјален свет во кој комуникацијата со други луѓе постојано се форсира – без разлика дали тоа го сакаме или не. Луѓето кои имаат повисока EQ можат подобро да ги контролираат конфликтите, да ги разберат и да одговорат на туѓите потреби и да не дозволат нивните емоции да ги обземат.

Кој се карактеристиките на EQ на една личност? Според моделот на Голман, постојат пет битни работи кај EQ:

  1. Самосвесност – познавање на своите емоции, силата, слабостите и препознавање на влијанието врз другите;
  2. Самоуправување – без оглед колку добро го организирате вашиот живот, секогаш има многу пречки. Самоуправувањето вклучува контрола или насочување на лошите емоции и импулси и прилагодување кон променливите ситуации;
  3. Мотивација – Според Голман, лице со високо ниво на EQ е мотивирано од чувството за лично достигнување, наместо од награди во форма на пари или подобар статус;
  4. Емпатија – за разлика од сите други работи, ова е единствената работа која се поврзува за емоциите на другите луѓе. Емпатијата значи да се земат во предвид чувствата на другите луѓе, особено при донесување на одлуки;
  5. Социјални вештини – интеракција со други луѓе;

Како да се подигне нивото на EQ?моти

Постојат два начина. Првата е да станете свесни за тоа како се справувате со сопствените емоции. По стресниот ден на работа дали сте лути, или само се смирувате и продолжувате во текот на денот? Откако ќе разберете како реагирате на нештата, најдобро е да го промените она што не ви се допаѓа кај вас. Другиот начин е да ги прашате луѓето околу вас што тие мислат за вас. Можеби нема да го кажат она што сакате да го слушнете, но ова е најдобриот начин да добиете вистински и искрен одговор за вашето однесување што ќе ве мотивира да се промените на подобро и да сфатите каде грешите.