Категории

Што е тоа што најмногу го привлекува неговото внимание кај секоја девојка

Постојат неколку нешта кои мажот веднаш ги забележува на жената.

Продолжете да читате за да видите за што станува збор…

1. Густа долга коса

Уште од времето на прачовекот, мажите ги привлекувале жени со густа и сјајна коса.

Ако немате густа коса, потрудете се таа да изгледа колку што е можно поздраво и посјајно.

Одржувајте ги врвовите и погрижете се секогаш да е уредна и чиста.

2. Очите

Без разлика што сите мислат дека деколтето е во неговиот фокус, тоа не е баш така (добро, не баш секогаш).

Луѓето генерално се фокусираат на очите. Затоа погрижете се да ги истакнете со шминка, но не претерувајте за да не ја скриете природната убавина.

3. Насмевката

Мажите сакаат девојки кои знаат да се насмеат, тоа им говори дека сте опуштена, спонтана и забавна.

4. Тонот на вашиот глас

Истражувачите од Универзитетот Пенсилванија утврдиле дека мажите ги привлекуваат жени кои имаат повисок глас.

5. Струкот и колковите

Мажите инстинктивно ја бараат потенцијалната мајка на своите деца. Ако струкот ви е забележливо потенок од колковите, тоа е симбол за плодност.

6. Здрав тен

Здравиот и сјаен тен мажите го поврзуваат со добро ментално здравје.

Тоа е така, затоа што стресот и анксиозноста често се појавуваат токму на кожата (бубулици, кожа без сјај и слично). Затоа кремите, квалитетната течна пудра и руменилото нека бидат вашите сојузници.

Прегледи:
543
Објавено на:
05.08.2016