Категории

Што ќе се случи со вашето тело ако 3 месеци не се напиете ниту капка алкохол

Кога ќе се откажете од алкохолот, крвните елементи се обновуваат во рок од три месеци, па ќе се чувствувате многу полетно и поздраво.

Што му прави алкохолот на вашето тело и колку време му е потребно да закрепне?

Откако ќе престанеме со консумирање алкохол, телото доживува препород. Се обновуваат клетките на крвта и црниот дроб, подобро спиеме и подобро изгледаме.

list-of-popular-bar-drinks-5c

Осаменост, главоболка, пулсирање и зуење во главата се само некои од симптомите на мамурлак. Ако трае цел ден, повеќето си ветуваат дека повеќе нема да пијат, но веќе по една седмица или неколку дена подоцна, сценариото често се повторува.

Кога ќе претераме со алкохолот, на телото му е потребно време да го исчисти од организмот.

Прво што се јавува е мамурлак. Што се случува со телото кога ќе престанете со пиење после 24 часа, една седмица, еден месец и после три месеци – открива д-р Ниал Кембел, експерт за зависност од алкохол – за Daily Mail.

drinks

ПОСЛЕ 24 ЧАСА

На 24 часа од опивањето ќе чувствувате препотување или треперење, а во ретки случаи можни се и напади.

Телото почнува да се чисти од алкохолот, нивото на шеќер започнува да се нормализира и започнувате со нормално функционирање. Ќе се чувствувате подобро и помалку ќе бидете депресивни.

ПОСЛЕ ЕДНА СЕДМИЦА

1 2 3

Прегледи:
1098
Објавено на:
22.07.2016