Категории

Што ќе се случи со вашето тело ако 3 месеци не се напиете ниту капка алкохол

Drinking alone at a bar

ПОСЛЕ ЕДЕН МЕСЕЦ

Ќе изгледате многу подобро, а тоа најмногу ќе го почувствувате на вашата кожа. Алкохолот е многу штетен за кожата бидејќи и ја намалува еластичноста. Кога ќе престанете да пиете, ќе го спречите и прераното стареење на кожата.

ПОСЛЕ 4-8 СЕДМИЦИ

Вашиот црн дроб ќе закрепне и ќе започне правилно да работи. Најголемиот негов непријател е токму алкохолот. Претераното пиење може да води кон тивка болест, т.н. алкохолен хепатитис.

Во почетокот не се забележува, но ако прејде во цироза која е опасна и долготрајна болест, последиците ќе се појават.

Веќе неколку чаши вино на ден од 175 мл на две до три седмици може да доведе до развој на замастен црн дроб кај жени. Тогаш црниот дроб глукозата ја претвора во масти.

Алкохолот влијае на начинот на кој црниот дроб ги преработува мастите, а ако има премногу и клетките на црниот дроб ќе се преполнат со масти.

Кога ќе прекинете со пиење, веќе после неколку седмици ќе започнете да се чистите од вишокот на масти. Ако црниот дроб не е премногу оштетен, може да се опорави веќе за четири до осум седмици.

ПОСЛЕ 12 СЕДМИЦИ

Постојаното алкохолизирање предизвикува зголемување на клетките на крвта, па поради тоа се чувствувате поуморно од обично, бидејќи тие клетки потешко го транспортираат кислородот низ телото.

Откако ќе прекинете со пиење алкохол, клетките на крвта се обновуваат во рок од три месеци и ќе се чувствувате многу полетно и поздраво.

1 2 3

Прегледи:
1101
Објавено на:
22.07.2016