Прстите на нозете откриваат многу за човекот, а исто така и ширината на стапалото има некакво значење.
- Палец
Ако е подолг од останатите прстите на стапалата, се работи за паметен и креативен човек кој има многу нови идеји. Тој не ги остава проблемите и упорно бара многу начини за да ги реши. Но, вниманието не може да го насочи на една работа, па често работите ги остава недовршени.
Ако палецот е со еднаква должина како и останатите прсти или само малку подолг, тоа е знак дека човекот може да прави повеќе работи истовремено и е одличен организатор и шеф, а и шармот не му недостасува.
- Втор прст
Должината на овој прст покажува дали некој е роден водач- колку е подолг прстот, толку е поголема неговата способност да биде водач.
Ако овој прст е пократок од останатие, укажува на смирен човек кој ретко влегува во конфликтни состојби. Тој човек ужива во хармонијата на животот, а се вџашува од луѓето кои „газат“ преку другите за да ја достигнат својата цел.
- Среден прст
Преку овој прст најдобро може да се забележи карактерот на некоја личност. Тој е поврзан со животната енергија.
Ако овој прст е долг тоа значи дека човекот е многу енергичен, а колку е подолг прстот- толку се поголеми шансите за успех во кариерата. Маана кај овие луѓе е што понекогаш ги запоставуваат семејството и пријатели заради желбата за професионален напредок.
Краток среден прст е карактеристика на човек кому му се важни малите работи кои го прават среќен човекот, семејството и пријателите. Работата не е причина заради која би ги запоставил блиските.
- Четвртиот прст
Ако е долг и рамен, се работи за човек кој е многу грижлив и чувствителен и кому семејството му е на прво место. Таа личност многу се грижи за сите околу него и секогаш се обидува да помогне секому.
Краток прст укажува на човек кој е многу силен индивидуалец и верува дека самиот е заслужен за се што постигнал во животот.
- Мал прст
Ако овој прст е многу краток, личноста сака забави. Таа е многу интелигентна и дружељубива, но често го губи интересот.
Тој кој може да го придвижи малиот прст без при тоа да се придвижи и четвртиот прст е многу шармантен, импулсивен и љубопитен.
- Прсти во линија
Прстите кои се наредени така да создаваат коса линија- секој пократок од претходниот, укажуваа на личност која е прецизна, точна и практична.
- Ширина на стапалата
Широки стапала има човек кој не може долго да мирува, сака секогаш да е во движење. Тоа се луѓе кои цврсто стојат на земја и се најсреќни кога нешто работат.
Тесни стапала има личност која посакува нежност и внимание. Таа личност својот дом ќе го уреди на тој начин што секој детал ќе и пружа задоволство. Оваа личност е шармантна. Таа не стои цврсто на земја, напротив- живее во некој свој свет.