Категории

Што се случува кога ќе им дозволите на студентите да носат што сакаат на диполомирањето?

Церемониите по повод дипломирањето на студентите секаде во светот се различно, но тоа претставува церемонија со одредена доза на сериозност, што всушност го одразува степенот на образование кој се стекнува.

Како вие би се облекле на таа церемонија, доколку ви кажат дека можете буквално што сакате да се облечете?

Универзитетот Кјото е како еден од многуте универзитети во светот, а еден од најдобрите Азиски универзитети. Има дури десетина нобеловци од својот почеток, пред повеќе од 100 години. Навистина импресивно, но не е ни помалку интересна традицијата која ја има овој универзитет по повод диполомирањето.

 

Тука студентите се поттикнати да се маскираат по повод дипломирањето, па целата церемонија е една голема забава, а натпреварот е во тоа кој ќе има поинтересна и позабавна маска.

Тука диполомирањето на студентите, после долгиот и напорен процес на студирање, е повод за забава, што навистина е одличен начин студентите конечно да се опуштат и да уживаат.