Категории

Што се случува со вашата кожа кога тренирате нашминкани

Пред да се одлучите за вежбање со шминка, важно е да знаете како тоа ќе влијае на вашата кожа.

На сите ни е познато дека во текот на вежбањето се потиме. Меѓутоа, кога тренираме со шминка на лицето, потта од сите вештачки состојки кои ги содржи шминката „се заклучува“ во нашите пори, па лесно може да дојде до иритација на кожата и појава на акни. Всушност, шминката во текот на вежбањето буквално се топи, со оглед на тоа дека нашето тело се загрева. Тоа е особено случај со декоративната козметика на база на масло, вклучувајќи го ајлајнерот и подлогата за лице.

Доколку не сакате во текот на тренингот да го гледате своето ненашминкано лице, постојат некои алтернативи коишто можете да ги испробате. Стручњаците препорачуваат хидратантен крем којшто ќе направи вашата кожа да изгледа сјајно и свежо.

Прегледи:
527
Објавено на:
04.02.2016