Категории

Што всушност се случува ако не ја отстраните шминката пред спиење?

Независно од сумата која ја трошите за купување на квалитетни креми, тоници, серуми, лосиони, и се можно и неможно, препаратите за нега на кожата на лицето, секој пат кога ќе заспиете со шминка, ве враќаат неколку чекори назад. Следниот пат кога ќе легнете во кревет без да ја отстраните шминката, и не сакате да се мачите да ја отстранувате, не размислувајте туку веднаш откажете се од тоа. За таа цел, чувајте влажни марамици на ноќното ормарче покрај креветот, или пронајдете метода која сметате дека најмногу ќе ви одговара.


Зошто да избегнувате да спиење со шминка?

Голем број на мејкап производи содржат состојки како што се силиконите кои ги запушуваат порите. Ако имат и најмала склоност кон акни, затворените пори секако ќе го поттикнат нивниот развој па немојте да се изненадите ако следното утро се разбудите со нешто ново на вашето лице.
Затворените пори исто така го спречуваат отпуштањето на природниот себум, што освен акни,како последица може да има создаде и проширени пори.
Прескокнувањето на вечерниот ритуал за нега на кожата на лицето води и кон убрзано стареење на кожата, затоа што шминката може да ја задржи нечистотијата од околината и слободните радикали кои ги оштетуваат кожните ќелии, вклучувајќи го и колагенот. Тоа ќе го поттикне стареењето на кожата и ќе создаде нови продлабочени брчки.
Уште еден непосакуван ефект е безживотен и уморен изглед на лицето.

Прегледи:
387
Објавено на:
10.09.2019