Шминката служи да ги покрие несовршеностите на нашето лице и да ја истакне убавината. Сепак, веројатно сте забележале дека некои жени прават грешки при шминкање, дека често се размачкуваат и дека нивната убавина не доаѓа до израз.
Постојат четири сигурни знаци дека купувате и користите погрешна шминка и оставете ги да бидат аларм за да ја промените:
Пудрата е видлива
Навистина нема ништо полошо од видливата линија на пудра на работ на лицето, што е сосема поинаква нијанса од вратот, така да изгледате како да сте се кречеле, а не да шминкале. Ова е еден од најчестите проблеми со шминкањето поради што жените често се откажуваат од пудрата. Не треба да се откажувате, туку одвојте малку време и пронајдете ја совршената нијанса, а секогаш можете да побарате совет од шминкер или професионалец. Со пудра што одговара на вашиот тен, линијата повеќе нема да биде видлива.
Маскарата се рони
Кога е добра, маскарата останува на трепките цел ден и не треба да има црни траги околу очите. Ако маскарата е секогаш изронета и размачкана на остатокот од лицето, време е да ја фрлите во ѓубре и да инвестирате во нешто поквалитетно. Освен ако целта не е да изгледате како да сте заспале со шминка претходната вечер и да ја напуштите куќата така.
Коректорот не ја исполнува својата цел
Треба да изгледате како да сте спиеле претходната вечер, дури и кога забавата била луда. Но, имајте на ум дека производот што ви одговараше во дваесеттите веројатно нема да биде добар во триесеттите години. Возраста остава траги на лицето, исто како стресот или недостатокот на сон, а брчките се продлабочуваат. Ако коректорот не ги покрива темните кругови околу очите и само се натрупува во набори, тоа е знак дека ви треба нов. Денес има многу опции меѓу кои сигурно ќе најдете една што е за вас.
Ајлајлерот се размачкува
Ако ајлајтот се размачка пет минути откако ќе го нанесете, тоа значи дека имате лош продукт. Може и треба да трае цел ден, а најбезбеден избор се водоотпорните. Исто така, истите нијанси не треба да се користат како во средно училиште, бидејќи она што ни одговараше тогаш нема да биде нужно во доцните дваесетти и триесетти. Осмелете се да пробате нова нијанса бидејќи постојат големи шанси да бидете изненадени пријатно.