Нема човек кој не сака животни. Дури и да се плашите од некои од нив, сепак првата асоцијација со зборот „животно“ е нешто со чиста душа, нешто мило и слатко.
Досега имаме пишувано за илустрирани факти за животни, факти за кучињата, факти за морските прасиња, и на премногу наврати имаме пишувано други содржини за миленици, и генерално за животни.
Денес нашата дневна доза на слатки факти ја вадиме од виртуелната подгрупа на Редит, наречена Awwducational каде што има секакви факти за најразлични животни.
- Тренирани афрички џиновски стаорци, имаат пронајдено илјадници неексплодирани мини и бомби. Истражувачите ги имаат истренирано овие стаорци да детектираат и туберкулоза, и од неодамна ги тренираат да можат да намирисаат „трофеи“ од нелегално ловство на Сафари на самите граници од афричките земји.
- Гибоните се единствени нечовечки примати кои практикуваат моногамија. Двата родители имаат огромна улога во одгледувањето на децата.
- Галебите тапкаат на земјата мимикрирајќи ја вибрацијата на дожд, со цел да намамат дождовни црви на површината.
- Капибарите се екстремно социјални животни и сакаат да се дружат со секакви други животни, вклучувајќи зајци, мачки, лами, пајки, кокошки, кучиња и желки.
- Алекс, афричкиот сив папагал, е единствено животно што досега има поставено егзистенцијално прашање. Тој прашал која боја е тој, самиот.
- Aзиската црна мечка ги има најголемите уши од било која друга мечка во светот.
- Гепардите се толку срамежливи што во зоолошките им даваат куче за поддршка, и за да го „крши мразот“ во социјални ситуации, наместо нив!
- Кравите имаат „Еурека“ моменти и се радуваат на своите искуства каде што учат нешто ново.
- Мангалика е вид на дива свиња која е обвиена со волна, многу слична како на овците.
- Сините пингвини се најмалите пингвини. Возрасните единки растат до околу 30-33 cm висина. Поради малечката висина и магичната сина боја, често ги викаат „самовилски пингвини“.