Нашата популарна поп-пејачка Тамара Тодевска на својот фејсбук-профил објави преслатка фотографија со која им го разубави денот на своите многубројни пријатели и обожаватели.
На фотографијата ги гледаме нејзината ќеркичка Хана и сопругот Александар Димитровски како спокојно спијат. Изгледа дека е точно тврдењето дека ќеркичките се секогаш поприврзани со татковците и дека си нивни галеници…